Скопјанец е тешкоповреден и во животна опасност откако на него налетал несовесен возач на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, во близина на поранешнара фабрика “Алумина“.
Според изјавите на сведоците тој го минувал булеварот на пешачкиот премин кога во него удриол автомобил кој се движел со голема брзина. Од јачината на ударот човекот буквално одлетал десетина метри.
- Тој ја минуваше улицата. Еден автомобил беше застанат на првата ленат за да го пушти да премине кога одеднаш се појави другото возило во втората лента. Не ни закочи. Пешакот одлета во воздух и падна на земја, вели сведок на тешката сообраќајка.
Екипа на итаната помош се обидуваше да го реанимира и стабилизира прегазениот пешак на самото место.
Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.
ФОТО: Ѕ.Плавевски / Д.Митрески