Сончево со мала до умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 20 до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умрена облачност, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачност ќе се зголемува, а ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно