-->
-->
Сончево, посвежо и ветровито
-->
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во петок и сабота ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот