Сончево, по котлините слаба магла, температурата до 16 степени
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата или појава на утринска слаба магла. Утринската температура ќе се движи минус два до еден степен, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната до 12 степени.
Во четврток ќе се задржи стабилно време. Ќе има извесно зголемување на облачноста главно во западнте подрачја. Во петок ќе биде променливо облачно, во вечерните часови со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во сабота. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер, во петок од јужен, а во сабота попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор