Сончево и топло до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен во средината на денот долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје слично време, со температура од пет до 24 степени.
До крајот на неделата ќе се задржи топло време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат, а негативни утрински температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во западните и северните делови од земјата.
Ново на Сител
-
УКРО: Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови
-
Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск
-
Со „бмв“ возел 173 на место каде што дозволено е 100, уапсен 35-годишник од Тетово
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата