„Сон, верба, љубов“ - концерт на Дуке Бојаџиев
По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен вечер со почеток во 19.30 часот и в сабота, во истиот термин.
Музичкиот тим кој ќе настапи со Бојаџиев го сочинуваат: Тијана, Костас Анастасиадис-тапани, Исмаил Лумановски-кларинет, Мартин Ѓаконовски-контрабас, актерката Наташа Петровиќ како вокал и нарација, Владимир Крстев-прва виолина, Маја Ефремова-Шеќерова-втора виолина, Марко Виденовиќ-виола и Марија Михајловска-виолончело.
Бојаџиев на вчерашната прес-конференција изрази задоволство што е дома, во Скопје и најави дека на програмата ќе биде дел од неговиот авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон-Верба-Љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво.
- На концертот можеби ќе има малку повеќе филмски нумери, ќе има фузија од класична и џез музика и сето тоа зачинето со њујоршка инспирација, рече Бојаџиев.
Последните две години Бојаџиев рече дека главно работел на неколку филмски проекти и авторска музика.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила