ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари