Солскјер: Мораме уште подобро доколку сакаме титула
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изрази задоволство од триумфот над Астон Вила од 2:1, што ги искачи „црвените ѓаволи“ на делба на лидерското место во Премиерлигата со Ливерпул, но истакна оти неговата екипа мора да подобри уште многу елементи во играта доколку сака да остане во трка за шампионската титула.
– Со секоја победа сме поблиску до целта. Многу често се случува веќе по првите десет кола да ги загубите шансите за титулата, и затоа сум задоволен од местото на кое сме сега на табелата. Бевме добри на теренот и очигледно е дека имаме голем напредок во играта отколку пред 12 месеци. Стануваме се посилни и посилни, и напредуваме. Сепак не треба да се преценуваме. Овие бодови се важни, но сè уште сме далеку од меч за титулата. Треба да подобриме уште елементи во нашата игра, изјави Солскјер.
По 16 одиграни натпревари во Премиерлигата, Манчестер јунајтед е на делба со Ливерпул на лидерското место со 33 бодови, четири повеќе од третопласираниот Лестер и Евертон на четвртото место.
Ново на Сител
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома