Македонија
18. April 2025 - 12:19

Охрид подготвен за туристите за Велигден

Охрид подготвен да ги дочека туристите за Велигден .Четирите неработни денови , поклопувањето на православниот и католичкиот Велигден, привлечноста на Охрид како втор Ерусалим  ќе го исполнат крајбрежјето со гости. 

Хотелиерите и туристичките работници велат дека празничните аранжмани во најголема мера се откупени од гостите од нашето соседство.

За збогатување на понудата се нудат бројни настани како и Велигденскиот базар на кој учество зедоа  занаетчии, производителите на домашна традиционална храна ,најмладите од гардинките но и  учениците од основните и средните училишта.

Инаку во духот на големиот верски празник градот е украсен со шарени  реквизити со велигденски мотиви и пораки.