Солистички рецитал на Арда Мустафаоглу во Штип
Пијанистот Арда Мустафаоглу вечер ќе одржи солистички рецитал во Уметничката галерија Безистен во Штип. На програмата се дела од Бах, Скарлати, Рахмањинов, Бетовен, Фазил Сај, Прокофјев и дела на македонски автори.
Рециталот е дел од Манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура, а влезот за посетителите е слободен.
Мустафаоглу (2002) е ученик во Државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.
Добитник е на многу награди на меѓународни пијанистички натпревари. Во мај годинава освоил Гранпри и Награда за најдобра интерпретација на турски композитор на ЕМСИ меѓународниот натпревар за млади таленти во Турција, а во април 2017 година ја добил титулата Лауреат на дваесет и петтиот меѓународен натпревар „Музиката и земјата“ во Бугарија. Добитник е на првата награда и специјалната награда „Современа музика“ на осмиот меѓународен натпревар за млади музичари „Антонио Салиери“ во Италија.
Арда Мустафаоглу има настапувано на многу рецитали и концерти. Досега настапувал со Македонската филхармонија во Скопје, со квинтетот „Мармара“ во Србија, а имал настапи и во Националната галерија на Македонија „Даут пашин амам“ во Скопје, во Ахен и Дурен во Германија и на Шуман фестивалот во Бон.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра