Соколов: Бесплатен превоз за делчевските пензионери
Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов, се сретна со делчевските пензионери, при што најави поддршка во реализација на нивните активности и решавање на проблемите.
Соколов на средбата најави дека ќе обезбеди субвенциониран превоз за пензионерите секоја сабота, кога е пазарен ден во Делчево.
- Мојата идеја е да се организира бесплатна автобуска линија за пензионерите секоја сабота, кога е пазарен ден во Делчево. Тоа ќе значи пензионерите кои живеат во околните населени места и се реалтивно подалеку од градската средина да можат да доаѓаат беспатно во Делчево, а потоа и да се враќаат. Субвенцираниот автобуски превоз за пензионерите а е еден од моите проекти кои доколку ја добијам довербата од граѓаните и ќе ја реализирам. Ова е една мала помош и солидарост со пензионерите, бидејќи тие луѓе сработиле во својот работен век и време е ние како држава и како општина да им се оддолжиме на некој начин за нивната работа, рече тој.
Соколов имаше средба и со Ромите, во организација на НВО КХАМ.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари