Собраниската Комисија за избори и именувањата не го утврди предлогот Тодор Витларов да биде судија во Уставниот суд
– Со четири гласа „за“ и шест „против“, Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска не го утврди предлогот Тодор Витларов да биде судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Комисијата денеска ја ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Членовите на комисијата во средата расправаа за предлогот Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, да биде уставен судија.
Пратениците досега дадоа поддршка за кандидатурата на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, кандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, кои како и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, се предложени од владејачките партии.
Од шестмината кои се предлози од ВМРО-ДПМНЕ, досега, покрај Витларов, одбиена е и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Предлози на опозицијата се и универзитетскиот професор Саво Климовски, судијата во пензија Бранко Секуловски, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид.
Денешната, 13. Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи со расправа за останатите кандидати, поточно судијата во пензија, Бранко Секуловски.
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
