Собранието во понеделник ќе ја продолжи 114.седница

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 114. седница ја продолжи расправата по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите по скратена постапка.
За побрза исплата на средства во услови на елементарни непогоди, како поплавата од 6 август, Министерството за финансии вчера предложи по брза постапка да се направат измени на Законот за буџет со кои ќе се овозможи Министерството да прави пренамена, прераспределба на средства на 5 отсто од буџетот. Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средства во буџетот во износ до 5 милиони евра.
Министерот за финансии Кирил Миноски вчера на собраниска седница, на која законот доби поддршка да оди по брза постапка, образложи дека е нужно носење ваков закон за во иднина постапката за обесштетување да оди многу побрзо.
Инаку, Владата веќе ги исплаќа авансните средства на граѓаните кои претрпеа штета од поплавите. Целосната исплата на штетите ќе биде откако ќе помине ребалансот со кој се предвидуваат средства за поплавата, за кој расправата е закажана следната недела во Собранието.
Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ на денешната седница рече дека Законот не се однесува на поплавените во Скопје и Тетово, туку за некои идни кризни состојби кои би се случувале во Македонија.
- Владата сака да ја искористи оваа ситуација и да одземе на Собранието едно решение кое сега постои. Ако сакаше Владата да ја забрза постапката за евентуална потреба од итни буџетски трошења во услови на кризна состојба ќе предложеше да се скрати рокот во кој ова Собрание треба да донесе една таква измена на буџетот. Постојниот рок е 20 дена со пет дена расправа на Собрание, 25 дена во ова Собрание завршува една редовна постапка на носење буџет, рече Николов.
Сметаме, посочи, дека ова законско решение е антидемократско, не е транспарентно, и е спротивно на отчетноста во трошењето на парите на граѓаните.
Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМЕ рече дека сакале веднаш да им се помогне на оштетените во поплавите со инфраструктура, со обесштетување...
- Со постојните законски регулативи ние немаме можност тоа да го направиме веднаш. Ние можеме да почнеме ребаланс на буџет, како што е отпочнат и во вторник ќе почнеме расправа на комисиска седница, меѓутоа според законските процедури и прописи тој ребаланс на буџет не може да заврши побрзо од 30 дена, посочи Мукоски.
Потенцира дека со ова законско решение утврдуваат и прават промена во членот, Владата да може да помогне со прераспределба на средства меѓу буџетските корисници.
- И никој не е против да има контрола на тие средства, никој не вели ако тоа се случи, ако Владата помогне дека нема да побараме тука отчет и контрола кои буџетски корисници колку пари одвоиле и ги ставиле на сметка на Министерството за финансии и на кој начин се помогнало на загрозените, додаде Мукоски.
На дневен ред на седницата, која ќе продолжи во понеделник, се Предлог-законот за информативни рекламни кампањи на јавните институции во прво читање и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг во прво читање поднесен од пратеникот Павле Трајанов.
Ново на Сител
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
