Собранието расправа за дополнувањето на Законот за земјоделство и рурален развој
Собранието на Република Македонија во рамките на денешната работа по дневниот ред на 92-та седница ја продолжи општата расправа по Предлог законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.
Со предлогот се бара земјоделците да добиваат гориво со цена 50 отсто пониска од малопродажната за обработка на земјоделските површини.
Како што посочија пратениците од опозицијата, целта на воведувањето на оваа мерка е да им се помогне на земјоделските производители во време кога ги обработуваат земјоделските поршини, кога трошоците за набавка на репроматеријали се најголеми. Со субвенционирањето на горивото, според нив, ќе се зголеми конкурентноста на македонското земјоделство и ќе се намалат производните цени на земјоделските приоизводи.
Субвенционираното гориво, појаснија, ќе се доделува во зависност од површината на обработливото земјоделско земјиште, со право на користење двапати при обработка на истата површина. Нагласија дека субвенции треба да земаат само оние кои вистински го обработуваат земјиштето.
За пратенците од владеачките партии, пак, мерката е популистичка, остава многу можности за злоупотреби и не е издржана, бидејќи субвенциите кои им ги дели Владата на земјоделците се значително повисоки од овие што сега се предлагаат.
По редовната попладневна пауза Собранието ќе ја продолжи расправата по Предлог законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој. За збор се јавени уште дваесетина пратеници.
Ново на Сител
-
Федералниот апелациски суд во Бостон ја оспори наредбата на Трамп за одземање на државјанството по основ на раѓање
-
Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје