Собранието не ги прифати предлог измените на законите за лустрација и извршување на Буџетот
Собранието на Република Македонија на денешната 117. седница не ги прифати двете предлог законски измени од опозицијата, за измени на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, и за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.
Опозициската СДСМ смета дека оти Комисијата за лустрација повеќе не треба да постои и дека средствата треба да се пренасочат, поради тоа што таа не ја извршила функцијата за која била формирана.
Пратениците од владејачкото мнозинство потсетија дека процесот на лустрација е запрен, но оти Комисијата има обврска да ги заврши отворените предмети.
Собранието по општата расправа по предлог-законот за изменување на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, донесе заклучок дека тој не е прифатлив и не може да се даде на понатамошно, односно второ читање. Заклучокот заедно со извештаите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и законодавно правната комисија и белешките од седницата на Собранието треба да бидат доставени до предлагачите на законот.
Собранието по расправата по предлог-законот за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, поднесен од опозициските пратеници, го усвои заклучокот дека тој не е прифатлив и не може да се даде на понатамошно, односно второ читање. Заклучокот заедно со извештаите на Комисијата за финансирање и буџет и законодавно правната комисија и белешките од седницата на Собранието треба да бидат доставени до предлагачите на законот.
Претседателот на Собранието Трајко Вељановски тука ја прекина денешната седница.
Ново на Сител
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен