Собранието ќе расправа за измените на Законот за заштита од пушење
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 11. седница на која треба да се дебатира по Предлог законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка.
Измените се предложени од пратеници од владејачкото мнозинство, а се предвидува менување на одредбите од постојниот закон со чија примена, според предлагачите, се предизвикаа економски и социјални проблеми, односно се брише дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.
- Основната цел која треба да се постигне со предложените законски одредби е да се променат одредбите од постојниот закон со чија примена се предизвикаа економски и социјални проблеми. Законот чие донесување се предлага се заснова врз начелото за законитост, почитување на човековите слободи и права и гарантирање на нивно остварување, и во таа смисла правото на слободен избор на граѓанинот и стопанскиот субјект, се наведува во образложението кон Предлог - законот.
По завршување на 11. седница, пратениците ќе продолжат со работа по 35. седница на која има повеќе закони претежно во прво читање и неколку по скратена постапка, поднесени исто така од пратеници од владејачкото мнозинство.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба