Собранието избра нови членови на повеќе комисии и одбори
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница усвои пет одлуки со кои избра нови членови, заменици или претседатели во собраниските работните тела, комисии и делегации во кои член, заменик член или претседател беше Емил Димитриев, кој сега ја врши функцијата премиер за спроведување на изборите.
Пратениците во претпладневниот дел на седницата ги разрешиј и старите и именуваа нови претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“. За претседател на овој Одбор е избран Марко Китески, писател и научен работник.
Исто така беа разрешени старите и именувани нови претседатели и членови на одборите за доделување на наградите „11 Октомври“ и „Свети Климент Охридски“. Нов претседател на одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е Академик Митко Маџунков, а на Одборот за наградата „Свети Климент Охридски“ е академик Владо Камбовски.
Македонските парламентарци ја усвоија и Предлог одлуката за избор на Арбер Исаку за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија. Мандатот на Исаку започнува на 1 мај годинава.
Претпладнето усвоени беа и предлог одлуките за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комункации и за именување на член на Државната комисија за жалби по јавните набавки.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група