Собранието го донесе Законот за стечајни работници
Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 12. седница го донесе Законот за стечајни работници.
Со законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Годишно за таа намена од Буџетот на АВРМ ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари.
Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.
На денот на стапување во сила на законот да се возраст од најмалку 52 години, за жени, односно 55 години за мажи.
Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.
Законот беше донесен едногласно со 82 гласа „за“. Пратениците од парламентарното мнозинство во расправата истакнаа дека не станува збор за популизам, туку за исправање на една неправда нанесена врз една категорија на граѓани. Опозицијата го поддржа законот, но посочи дека во него има недоследности и со него повторно дел од стечајците нема да бидат опфатени.
Од галеријата во Собранието денешната седница ја следеа група стечајни работници.
Ново на Сител
-
Коалицијата на СДСМ вечерва во Штип и Пробиштип
-
Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Почна судењето за поранешната претседателка на Антикорупциска
-
Коцевски: Објавени се само дел од пораките, се истражуваат и други лица и институции
-
Ветувања на коалиција ВМРО-ДПМНЕ: Нови автобуси, БРТ за Скопје, гаражи во Карпош
-
Филипче: Власта е прочитана како буквар, ниту една реформа не е спроведена
-
Справување со корупцијата, решенија за јавен превоз и хигиена - Изборни ветувања на албанските партии