Собранието донесе повеќе закони од различни области
Собранието денеска во рамките на 99, 71, 79, 95, 97, 100 и 103 седница донесе повеќе предлог закони од различни области.
Пратениците го изгласаа Предлог законот за изменување на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, како и Предлог законот за младински додаток, по скратена постапка.
Во рамките на 71 седница, пратениците го изгласаа годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2021, како и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година.
Исто така, на 79 седница беа усвоени Предлог законот за зоотехника, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семејство, како и финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2021 година.
Собранието го усвои и барањето за давање на автентично толкување на член 281-6 став (3) од Законот за здравствената заштита и барањето за давање на автентично толкување на член 205 од Законот за облигационите односи, и двете поднесени од пратеникот Јован Митрески, како и барањето за давање на автентично толкување на член 67 од Законот за локалната самоуправа, поднесено од градоначалникот на град Скопје.
Во рамките на 97. седница, пратениците го изгласаа и Предлог на законот за задругите.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера