Македонија
25. August 2016 - 15:07

Собрани 50 крвни единици на вонредна крводарителска акција во Куманово

На втората вонредна крводарителска акција што се одржа денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина беа собрани 50 крвни единици.
 
Граѓаните на Куманово,посочија од Црвениот Крст, уште еднаш  ја покажаа својата хуманост.  
 
- Задоволни сме од од бројот на собраните крвни единици која соодвествува со очекувањата. И на претходната вонредна крводарителска акција беа собрани околу 50-тина крвни единици, изјави Бојан Пeтрушевски, од Црвен Крст Куманово.
 
Општинската организација на Црвениот крст организира две вонредни летни крводарителски акции во јули и август. Во септември,најавија надлежните, започнува  редовната годишна програма со која се предвидени акции во организација на компании  од Куманово и здруженија на граѓани.