Собрани 31.387.966 денари за помош на Турција и Сирија
Заклучно со вчерашниот ден преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 31.387.966 денари, информираат од Црвениот крст.
Оттаму појаснуваат дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
-Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош), се вели во денешното соопштение од македонскиот Црвен крст.
Од оваа организација напоменуваат дека задолжително сите донирани артикли треба да бидат нови, а приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита