Собирање боровинки на територијата на НП „Маврово“ само со дозвола
Лицата кои планираат летово да почнат со берба на шумски плодови на територијата на националниот парк „Маврово“ ќе треба да ги обноват лиценците и со нивното однесување да спречат појава на шумски пожари.
Со почетокот на сезоната за берба на боровинки, од Национален парк „Маврово“ на берачите им препорачува собирањето да го вршат согласно на прописите препорачани од страна на управата на паркот.
– Секој регистриран и сертифициран собирач на шумски плодови е должен да ја обнови својата легитимација со маркичка за 2019 година, да се грижи за природата и да собира само плодови кои се во оптимална зрелост. Растенијата да не ги оштетува со механички средства или целосно да ги уништува, да внимава на чистотата на околината и да не остава отпадоци на местата каде што престојува, наведуваат од НП „Маврово“.
Од управата на паркот посебно ја акцентираат заштитата на шумите и апелираат до собирачите на шумски плодови да не палат огнови и да ги следат препораките за движење низ планинските предели. Поради топлото време и е дополнителен ризик за појава и ширење на пожари.
За да се спрече неконтролирано собирање на шумски плодови, од паркот нагласуваат дека доколку се забележат присуство на нелегални – диви собирачи на шумски плодови, тоа да се пријави на телефонскиот број 042 489 019 или туристичкиот информативен центар на 042 489 425 или во најблиските полициски станици на територија на паркот и општина Маврово и Ростуше.
Управата на ЈУНП Маврово на сите собирачи им посакува успешна сезона.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра