-->
-->
Со соработка на нашите и германските служби во Германија запленета марихуана вредна над 100.000 евра
-->
МВР информира дека со соработка на нашите и германските служби за борба против дрога, во Германија запленета марихуана вредна над 100.000 евра.
-Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, по интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од преку 100.000 евра, соопштуваат од МВР.
Од страна на надлежните германски служби за борба против дрога засега лишено од слобода е едно лице, а истрагата продолжува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-
Во Собранието седница за Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори
-
Полицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк
-
Поранешнот претседател на Бразил осуден на 27 години затвор
-
Дел од општините Аеродром и Центар без вода
-
Променливо облачно, до 33 степени