Со помош на неколку практични трикови отстранете го никотинот од вашето тело

Пушењето ја намалува количината на витамин Ц, Е и А. Овие витамини можат да ги заштитат белите дробови од оштетување, па откако ќе престанете да пушите, задолжително вклучете ги овие намирници богати со витамин Ц и Е во исхраната.
Овие намирници е потребно да ги јадете со цел тие да го исфрлат никотинот од вашето тело.
Брокули
Овој зелен зеленчук е богат извор на витамин Ц и Б5. Пушењето го намалува количеството на витамин Ц во телото. Значи, јадете брокули за да го исфрлите никотинот од телото. Тие исто така помагаат и при загубата на килограми и добри се за трудниците.
Портокали
Сокот од портокали е богат извор на витамин Ц. Можете да го зголемите метаболизмот на вашето тело и да го исфрлите стресот, доколку редовно јадете портокали.
Сок од моркови
Ако пуштите, тогаш треба да знаете дека никотинот останува во телото три дена. Ако сте пушач, никотинот ја оштетува вашата кожа. Сокот од моркови е добар за кожата, а исто така е богат извор на витамините А, Ц, К и Б кои помагаат во отстранувањето на никотин од телото.
Зелен лиснат зеленчук
Спанаќот е најдобриот зелен лиснат зеленуч кој не е богат само со витамини, туку и со фолна киселина. Ако сте бремени и сте загрижени за остатокот на никотин во вашето тело, јадете спанаќ.
Калинка
Ова црвено и сочно овошје помага за подобра циркулација на крвта и ги зголемува крвните клетки во телото. За да ја намалите потребата за земање никотин, јадете калинки.
Киви
Ова овошје помага во исфрлањето на никотин од телото. Плодот е богат извор на витамин А, Ц и Е. Кога пуштите, тие витамини се намалуваат во телото.
Бобинки
Бобинките во кои спаѓаат и јагодите помагаат во исфрлувањето на никотин и другите штетни токсини од телото.
Вода
Пушењето доведува во дехидратација. Според многу истражувачи, можете да престанете да пушите и да го намалите никотинот во телото со консумирање на поголеми количини на вода.
Ново на Сител
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип