Со парк во спомен на загубeните животи одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите
По повод 15 Ноември, Светскиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, организира акција за уредување на спомен парк посветен на лицата кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди во Република Македонија.
Во паркот кој е лоциран на Средно Водно, се засадија 124 зимзелени дрвца како симбол на вечното сеќавање на загубените животи во сообраќајни незгоди. Паркот ќе го носи името “Парк на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и истиот ќе биде сведок на фаталните последици од сообраќајните незгоди.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Стојче Стаменковски, посочи дека денешниот ден е ден во кој оддаваме почит и спомен на загинатите лица и се солидализираме со нивните најблиски.
“Овој ден треба да не потсети дека одговорноста за загубените животи е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот и единствено преку поголема совесност, дисциплина и одговорност може да придонесеме кон побезбеден и посигурен сообраќај. Исто така, испраќаме апел до сите граѓани кои на било кој начин учествуваат во сообраќајот да извлечат поука за важноста и потребата од одговорно учество во сообраќајот и за фаталните последици кои произлегуваат од неодоговорното учество во сообраќајот”, истакна Стаменковски.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, информираше дека оваа недела во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќајни незгоди, во сите верски храмови во Република Македонија ќе се одржи молибден за изгубените човечки животи на македонските патишта.
Претставниците на верските заедници ќе ги повикаат своите верници преку почитување на сообраќајните правила и прописи да го почитуваат сопствениот животот и животот на останатите.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод Светкиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќaјни незгоди во текот на наредната недела ќе организира едукативни настани во повеќе градови низ Република Македонија, со цел подигнување на јавната свет за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства
-
Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година
-
Поголемиот дел од Скопје денеска по 22 часот ќе остане без вода, препораки од ИЈЗ за граѓаните
-
Осуммина загинати и 18 спасени откако се преврти глисер со мигранти во близина на грчкиот остров Родос
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн