Со пари од буџетот на општина Радовиш се градат десет улици
Во општина Радовиш интензивно се градат повеќе улици низ градот, но и низ селата. Градоначалникот на Радовиш Сашко Николов соопшти дека во моментов се градат вкупно пет улици низ населбите во градот, а четири улици се асфалтираат во селото Јаргулица и една во населбата Раклиш.
- Улиците кои во моментов ги асфалтираме се реализираат со пари од буџетот на општина Радовиш. Ова инвестиција за подобрување на инфраструктурата во градот и селата изнесува 24 милиони денари, рече Николов.
Тој додава дека деновиве се очекува да стартуваат и проектите кои се финансирани од Агенцијата за рурален развој.
- Благодарение на Владата и на Агенцијата за рурален развој ќе се реализира изградбата на пешачка патека од селото Ораовица до манастирот „Свети Ѓорѓи“, оваа патека која води до едно од најубавите излетнички места за радовишани ќе биде комплетно уредена со клупи и канделабри, а проектот чини 200.000 евра. Тендерската постапка е завршена и се очекува деновиве фирмата „Алфа инжињеринг“ да почне со работа, рече Николов.
Тој истакна дека преку Агенцијата за рурален развој ќе се реализира и изградбата на три улици во селата Ињево и Злеово, за реализирање на овој проект издвоени се околу 25 милиони денари.
Во делот на инфарструктурата во општина Радовиш ќе се реализира и изградбата на пат од село Подареш до село Калуѓерица во должина од четири километри. Средствата за овој проект се обезбедени преку заем од Европската инвестициона банка.
Ново на Сител
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ