Со лажни евра купил четири огласени телефони, кривична за скопјанец
СВР Скопје Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 32-годишниот Б.И. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама" по чл.247 ст.1 и „фалсификување пари" по чл.268 ст.1 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил 17 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и во периодот од 31.03.2021 до 07.09.2021, во четири наврати, кај четири различни физички лица, лажните банкноти ги пуштил во оптек.
„Тој стапувал во контакт со оштетените лица, кои на електронските портали за купопродажба ги објавиле за продажба своите телефони, договарајќи средба за купопродажба на огласените телефони, при што им плаќал во готово со фалсификуваните банкноти. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 104.880 денари“, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година