Со лажна платежна картичка заработиле над 3.500 евра
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против лицата У.М. (31), Ш.Н. (27) и Б.Љ. (22) сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ со кое се стекнале со противправна имотна корист од 226.398 денари.
Како што информира денеска МВР, делото го извршиле од октомври до ноември 2015 година. Пријавените со намера да се стекнат со противправна имотна корист, од интернет набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички, од носители на платежни картички од САД. Со нив извршиле повеќе успешни и неуспешни нелегални трансакции на виртуелни ПОС терминали кај повеќе трговци.
Пријавените на тој начин се стекнале со противправна имотна корист од 226.398 денари. Тие извршиле пет успешни нелегални трансакции и 62 неуспешни нелегални трансакции во вкупна сума од 4.377.919 денари.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло