Со доделување на наградите се спушта завестата на „Гола месечина“
Со претставата „Нешто пропуштаме“ на Театар Комедија вечер се спушта завесата на меѓународниот фестивал „Гола месечина“, кој почна на 20 јуни и опфати четири претстави од Македонија и четири од земјите во регионот.
Вечерашната претстава зборува за „проституцијата“ во уметноста и за животот и односот меѓу театарџиите зад кулисите. Режијата е на Бојан Трифуновски, а во претставата играат Сашко Коцев, Нина Деан, Валентин Костадиновски, Жаклина Петровска и Столе Мицов.
Вечер, исто така, ќе бидат доделени и наградите за најдобра машка и женска улога, најдобра режија и гран-при за најдобра претстава.
На годинашниот фестивал „Гола месечина“ публиката во изминатите денови имаше можност ди ги види претставите „Автобус“, „Балкански шпион во Сараево“, „Елинг“, „Хамлет од Горно Дупени“, „Парламентарки“, „Жорж Данден“, „Македонска приказна“, а вечер на затворањето и „Нешто пропуштаме“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони