Македонија
3. November 2015 - 12:57

Со безбол палка ограбена бензинска на патот Струмица - Радовиш

Две непознати лица ноќеска околу 02.30 часот извршиле разбојништво во бензинската пумпа „Еуро Петрол“ на магистралниот пат Струмица - Радовиш кај с.Калуѓерица, соопшти МВР.

Едно од  лицата со безбол палка влегло во објектот на бензинската пумпа и им се заканило на двајцата вработени дека ќе ги нападне, одзело околу 8.000 денари, по што двајцата го напуштиле местото.  Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојниците.