Македонија
1. November 2025 - 10:51

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска ќе го остварат своето право да гласаат во вториот круг од локалните избори во Струга и Струшко, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Според него, преземањето на избирачкиот материјал се одвива непречено, по што ќе почне и гласањето на болните и изнемоштени лица во нивните домови.

На територијата на општина Струга граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право на 101 избирачко место