Македонија
1. November 2025 - 14:26

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива

На 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно од воздушна пушка е примена Д.М.(54) од село Долно Српци, битолско, соопшти МВР.

Увидна екипа на СВР Битола изврши увид и констатирнао е дека, додека повредената била на нива помеѓу село Долно Српци и село Вашарејца, слушнала звук по што почувствувала дека е повредена на главата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.