-->
-->
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-->
На 13.11.2024 околу 19.35 часот на автопатот Табановце - Куманово, во близина на с.Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје. На наведеното место, полициски службеници сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега, но набргу бил фатен и лишен од слобода. К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш