Кошарка
24. September 2015 - 18:18

Со 1,2 милиони евра годишно, Антиќ 32-ри најплатен играч во Европпа

Перо Антиќ e на 32-то место на листата на најплатени кошаркари во Евролигата, откако летово тој потпиша договор со турската екипа Фенербахче.
 
Антиќ, кој во Турција дојде од НБА лигата, ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона, што го става на рангира на 32-место според финансиите.
 
Најплатен кошаркар, на „Стариот континент’’ е Русинот, Алексеј Швед кој во Химки ќе заработува годишна плата од 3,4 милиони евра по сезона. Втор на листата е Шпанецот Руди Фернандес кому Реал мадрид годишно му плаќа 2,8 милиони евра, а по него, следат Жоел Фриленд (ЦСКА Москва, 2,7 милиони евра), Василис Спанулис (Олимпијакос, 2,6 милиони евра), Ненад Крстиќ (Анадолу Ефес, 2,5 милиони евра)...
 
Комплетната листа на најплатените 50 кошаркари во Евролигата може да ја погледнете на следниот линк.

ТОП-50 НАЈПЛАТЕНИ КОШАРКАРИ ВО ЕВРОЛИГАТА