ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
Работат по 12 часа дневно, и на минусни и на пеколни темератури, а платите кои ги земаат, според Синдикатот, се мизерни. Работниците ангажирани за изгардба на автопатиштата, пратиле неколку претставки до Синдикатот. Работодавачот Бехтел и Енка им ги намалил платите без никаков основ
Без согласност на работниците им се намалени платите. Иако работата во екстрмно лоши услови, а се мизерно платени. Работат над 60 часа неделно, работат прекувремено, а земаат плати како просекот во гардежништвото – 40 до 45,000 денари.За толку работни часа тие треба да земаат околу 2.000 евра плата вели Иван Пешевски, потпрестедател на ССМ.
Прв пат годинава, бројот на вработени во градежништвото е под 50 илјади. Пред 7,8 години, овој сектор броеше над 60 илајди лица. Но, поради лошите услови и ниските плати – дел заминаа да рабоатат во странство, дел во други, поплатени дејности. Проблемот со недостигот на работна сила, според ССМ, може да се надмине само ако работникот е добро платен.
Се додека платите се ниски – ќе фалат работници.
Проблемот е од поодамна, затоа што си заминаа нашите работници. Увезените од Непал и Индија гледаме дека не го решаваат проблемот. Тие дојдоа, и со платена храна и сметсување си заминаа, затоа што видоа дека со 500 евра плата не се живее кај нас, додава Пешевски
Вчера и Советот на странски инвеститори алармираше дека секоја втора компанија има проблем да најде кадар.. Брзо штом се вработат, работниците си одат, но напуштаат и поради заминување во друга земја, се пожалија компаниите. Недостиогот од дома, 17% од инвеститерите го компензираат со вработени од странство.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар