-->
-->
Со 1,2 милиони евра годишно, Антиќ 32-ри најплатен играч во Европпа
-->
Перо Антиќ e на 32-то место на листата на најплатени кошаркари во Евролигата, откако летово тој потпиша договор со турската екипа Фенербахче.
Антиќ, кој во Турција дојде од НБА лигата, ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона, што го става на рангира на 32-место според финансиите.
Најплатен кошаркар, на „Стариот континент’’ е Русинот, Алексеј Швед кој во Химки ќе заработува годишна плата од 3,4 милиони евра по сезона. Втор на листата е Шпанецот Руди Фернандес кому Реал мадрид годишно му плаќа 2,8 милиони евра, а по него, следат Жоел Фриленд (ЦСКА Москва, 2,7 милиони евра), Василис Спанулис (Олимпијакос, 2,6 милиони евра), Ненад Крстиќ (Анадолу Ефес, 2,5 милиони евра)...
Комплетната листа на најплатените 50 кошаркари во Евролигата може да ја погледнете на следниот линк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.