Снежна бура ги затвори патиштата на границата на Калифорнија и Невада
Голема снежна бура во планините Сиера Невада затвори голем дел од виталниот меѓудржавен пат Интерстејт – 80 во Калифорнија, откако силни ветрови и обилни дождови ги погодија пониските надморски височини, оставајќи десетици илјади на луѓе без струја.
Во некои области се очекуваат и до три метри снег.
Метеоролошката служба на Невада соопшти дека денеска очекува обилен снег со „висока до екстремно висока опасност од лавина“ до недела навечер низ централниот дел на планинскиот масив Сиера Невада, вклучувајќи ја и пошироката област на езерото Тахо, која секогаш е туристичка атракција.
Калифорниските власти затворија 100 милји од патот I-80 поради силните ветрови и слабата видливост. Сè уште не е познато кога автопатот повторно ќе се отвори на границата меѓу Калифорнија и Невада.
Локалната електродистрибуција вчера соопшти објави дека 24.000 домаќинства и претпријатија останале без струја.
Националниот парк Јосемити е затворен.
Ново на Сител
-
Зеленски за руските напади врз украинските енергетски постројки: Потребна е решителна акција од сојузниците
-
Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот