Снегот ги завеја Македонците во Гора, МД „Илинден“ бара итни мерки од албанската Влада и Oпштина Кукс
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана реагира во врска со, како што наведува, тешката состојба во која се наоѓаат Македонците во областа Гора по обилните снежни врнежи.
Во реакцијата се наведува дека врнежите од снег во изминатите денови, целосно ги блокирале селата во ова област, во северниот дел на Албанија.
– Како последица на високата снежна покривка, чија дебелина е и над еден метар и минусните температури сите патишта што ја поврзуваат областа Гора се целосно блокирани. Сите села се отсечени од светот и нема доволно резерви на лекови во здравствените амбуланти, а набрзо ќе се појави и недостиг на прехранбени артикли, стои во реакцијата.
Тие бараат албанската Влада и Општина Кукс итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се одблокираат патните правци во областа Гора.
Областа Гора опфаќа девет села во кои живеат околу девет илјади Македонци.
Албанските медиуми јавија дека во областа поради високата снежна покривка прекината е наставата во училиштата.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Облачно, локално со повремени поројни дождови
-
Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани
-
Се подготвува нов модел за привлекување патници, преговoри за авиолинија од Будимпешта до Охрид
-
Администрацијата на Трамп ќе замрзне милијарди долари грантови за Харвард
-
Анкета на ЈуГов: Трета светска војна е веројатна за пет до десет години
-
Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски, прва жртва при распадот на Југославија
-
Трамп за фотографијата на која е претставен како папа: Не им се допаѓа на фејк медиумите, католиците ја сакаат