Живот
30. July 2018 - 14:12

Смртоносна забава на туристите во Шпанија: Ни драконските казни не ги спречуваат, актери главно се тинејџери

Ова е моментот кога турист во Шпанија се доведува во смртна опасност скокајќи во базен од вториот кат од хотел во Мајорка.

Тинејџерот го искористил олукот за да се качи на вториот каде каде направил опасна вратоломија.

Инцидентот се случил околу 5.30 попладне во неделата во местото Плаја де Палма.

Одморалиштето е најпопуларно кај туристите од Германија, но привлеква и помал број Британци.

Неговите другари може да се слушнат како навиваат пред тој да скокне и покрај предупредувањето од шпанското обезбедување. Полицијата го уапси момчето на кое му е забранет влез во хотелот.

Менаџерот одбил да ја открие неговата националност или дали бил пијан.

Полицискиот портпарол рекол дека нема информации за инцидентот, но потврди дека неодамна се договорени казни за балконинг - кои одат од 100 до 750 евра - не се уште не се утврдени во оваа област, за разлика од летувалиштето Магалуф каде во слични инциденти имало и смртни случаи.