Македонија
30. May 2025 - 12:42

Кичевчани се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет

Кичевчани повторно протестираа поради градската депонија, бараат решавање на долгогодишниот проблем. Тие како што и предупредија дека нема да застанат, овој пат го зедоа ѓубрето со себе и го расфрлаа во дворот на Општината.

Граѓаните се жалат на неподнослива смрдеа од запалениот смет и стравувата од заразни болести.

Локалната власт како што истакнаа, не направила ништо за да го санира проблемот. Им ветувале дека депонијата е привремено решение и дека ќе се направи нова, што до денеска се нема случено. Во меѓувреме купиштата ѓубре се таложат и стануваат уште поголема закана за кичевчани.

Тие бараат да се отстрани и да се изгради депонија по европски стандарди.