Loading Video...
Свет
30. May 2025 - 16:50

Преглед на вестите од светот

Федерален апелационен суд одлучи привремено да ги врати глобалните царини воведени од админситрацијата на Доналд Трамп, откако Белата куќа поднесе жалба на одлуката на судот за меѓународна трговија со која тие беа прогласени за неважечки. Царините ќе останат на сила додека не се донесе конечна судска одлука.

-Трамп воведе царина од 10 проценти за речиси сите увозни производи и повисоки стапки за земји како Кина, Канада и Мексико. Ако Апелациониот суд не ја прифати жалбата, ќе се обратиме до Врховниот суд изјави шефот на Белата куќа.

Израел го  прифати новиот американски предлог за привремен прекин на огнот во Појасот Газа. На одговор од  Хамас се уште се чека, соопшти Белата куќа.

-Можам да потврдам дека специјалниот пратеник Викоф и претседателот доставија предлог за прекин на огнот до Хамас, кој Израел го поддржа. Израел го потпиша овој предлог пред да биде испратен до Хамас. Исто така, можам да потврдам дека тие дискусии продолжуваат и се надеваме дека ќе се случи прекин на огнот во Газа. истакна Каролин Левит, портаролка на Белата куќа.

Високиот функцинер на Хамас, Басем Наим изјави дека  предлогот не ги исполнува барањата на групата, но ке го разгледаат и  ќе го достават  својот писмен одговор навремено. Хамас бара траен прекин на  огнот, подобруавње на хуманитарната состојба во Газа и целосно повлекување на Израел од енклавата.

Предлогт на САД предвидува 60 дневно примирје, ослободување на  10  израелски заложници  и враќање на телата на  18 заложници во замена за  ослободување на 125 палестински затвореници од иззраелските затвори и останките на 180 мртви Палестинци.

Украина и денеска  побара  од Русија да и го испрати документот во кој се наведени руските предлози за мировен договор за да го разгледа  пред да исрпати делегација на мировни преговори во Истанбул следната недела, изјави шефот на украинската дипломатија. Киев на Москва  ги достави  украинските предзлози.

Чекаме и меморандум од руска страна, како што беше претходно најавено. Го чекаме однапред. За следната планирана средба да биде суштинска и значајна, важно е однпаред да се добие документ за делегацијата што ќе  присустува да има овластување да разговара за релевантни  позиции., изјави  Андриј Сибиха, министер за надворешни работи на Украина.

Сибиха не прецизираше  што би направил Киев доколку не го добие рускиот документ ниту дали поставил рок за негово добивање. Кремњ пак порача дека руските, како и укрианскитре пдлози ке бидат разгедани на средба во Истанбул на 2 јуни.

-И рускиот и украинскиот нацрт-меморандум, како што се надеваме, ќе бидат разгледани за време на втората рунда разговори. Руската делегација ќе биде подготвена за тоа во понеделник наутро во Истанбул.

Франција од 1 јули ќе забрани пушење на отворени јавни  места каде што се движат деца.. Забраната ќе се однесува на плажи, паркови, јавни градини, училишни зони, атвобуски постројки  и спортски терени. . Слободата за пушење мора да запре таму каде што почнува слободата на децата да дишат чист воздух.

Тутунот мора да исчезне таму каде што има деца  изјави министерката за здравство и семејство Кетрин Вотран. Кршењето на забраната ќе се казнува со 135 евра.