Смртноста од морбили зголемена за 40 отсто во светот поради мал број вакцинирани
Бројот на смртни случаи од мали сипаници во светот минатата година се зголеми за цели 40 отсто, бидејќи за време на пандемијата на коронавирусот, бројот на вакцинирани луѓе драстично се намали – се вели во извештајот објавен од Светската здравствена организација (СЗО) и американскиот Центрите за контрола и превенција на болести.
Оваа многу заразна болест минатата година предизвика епидемии во 37 земји во светот, што е значително зголемување во споредба со епидемиите во 22 земји во 2021 година.
Случаите со сипаници, исто така, се зголемија за речиси 20 проценти, бидејќи нивото на вакцинација падна на 15-годишното минимум за време на пандемијата, се вели во извештајот.
Девет милиони деца се разболеле минатата година од сипаници, а 136. 000 починале, главно во посиромашните земји.
Децата со најголем ризик се во земјите во развој во Африка, Југоисточна Азија, Јужна Америка и Индија.
Во извештајот се вели дека стапките на имунизација во посиромашните земји сега се околу 66 проценти, „нема закрепнување од падот за време на пандемијата“.
Бројот на пациенти е зголемен во последните години и во некои богати земји.
Здравствените власти во Велика Британија во јули предупредија дека постои исклучително висок ризик од појава во Лондон, при што некои области на главниот град известија дека само 40 отсто од децата биле вакцинирани.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп