Случајот „Шпански скали” продолжува на 6 април
Денешното рочиште за судскиот предмет „Шпански скали” се одложи заради изолација на еден од обвинетите. Следното рочиште за овој случај е закажено на 6 април.
Како застапник на обвинението во овој случај е јавната обвинителка Ивана Трајчева, а судењето го води судијата Владимир Туфегџиќ.
Во случајот „Шпански скали“, освен поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.
Според обвинението десетмина се обвинети за кривичното дело „злоупотреба на службената должност”, односно едно лице се товари за кривичното дело „несовесно работење”.
– При спроведувањето на истражната постапка е утврдено дека во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоообвинетиот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во сопственост на Р.М, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист, стои во соопштението на Јавното обвинителство, објавено на декември 2019 година.
Меѓудругото во ова соопштение се вели дека во предметот „Шпански скали” се обвинети и две службени лица кои вршат работи од јавен интерес и кои со неизвршување на својата службена должност, постапиле спротивно на Договорот за оттуѓување и Законот за нотаријат, едно лице, сопственик на правно лице, кое како соизвршител со особен придонес учествувало во извршување на делото доставувајќи вешти наоди и мислења изготвени по негово барање со прикажана состојба на земјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар, едно лице кое во својство на службено лице неводејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќи ја својата службена должност, постапило спротивно на одредбите од Законот за државното правобранителство, како и едно службено лице кое со пропуштање на должен надзор – без да утврди дека во приватната исправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвидено прибележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот, несовесно постапило во вршењето на своите овластувања и не ги почитувало одредбите од Законот за катастар на недвижностите, по кои било должно да постапува. Со своите дејствија обвинетите предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 163.513.868,00 денари.
Ново на Сител
-
Жители на Сингелиќ и Арачиново на протест пред ЕВН
-
Исплатени 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит за 47 компании
-
Опозицијата најавува закон за минимална плата
-
СДСМ обвинува за матни тендери во општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ
-
Смртен случај на Пулмологија кој имал и грип – февруари со најмногу заболени во изминатите 15 години
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина