Случајно пронајдена нова нијанса на сината боја
Понекогаш најубавите работи во животот се чиста случајност. Таков е случајот и со откритието на новата нијанса на сината боја, до кое сосема случајно дошле научници од Универзитетот во Орегон.
Хемичарот Мас Субраманијан и неговиот тим „налетале“ на боја која ја нарекоа „јинмин сина“ и тоа врз основа на елементите што ја сочинуваат.
Тие измешаче црн манган оксид со други хемикалии на повеќе од 2.000 степени Целзиусови, а една од мешавините направени на тој начин, имала „јасна и жива“ сина боја.
Пигментот сега е усовршен и ќе биде користен за правење премази и бои.
- Новиот пигмент е формиран благодарение на единствена кристална стуркура која им овозможува на јоните на манганот да апсорбираат црвени и зелени бранови должини на светлината, а да рефлектираат само сини. Бојата е стабилна дури и во масло и вода и не бледее, велат научниците во официјалниот извештај.
Што е уште подобро, овој пигмент е целосно безопасен и не е токсичен ни за животните, ни за луѓето.
Ново на Сител
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2
-
СДСМ: АНБ да ги декласифицира документите
-
Владините возила добија црвени таблички