Случај што го потресе регионот: Петгодишното дете почина од салмонела, ја има во секое ќоше од куќата

Од куќата во Брегана во која минатиот понеделник почина 5-годишното дете вчера излегоа маж и жена, пријатели на семејството Видовиќ, со маски на лицето и пластични ракавици.
Дошле да ја прочистат куќата во која од салмонела заболе целото петчлено семејство. Предраг и Босиљка Видовиќ од загребската болница требаше да излезат денеска, а нивните две ќеркички ќе останат таму уште некое време.
Оваа двојка која сакаше да остане анонимна сакаше нивните пријатели по трагедијата да ги дочека чист и достоинствен дон.
-Босиљка (39) ми се јави ден пред трагедијата да ми каже да не доаѓам кај нив зошто сите фатиле некоја вироза. Другото утро ми рече дека Мирко умрел. Отрчав до нив и штом се освестив заедно со вереникот ги однесовме нивните ќерки на лекар. Ни рекоа дека сме ги довеле во последен момент, зошто инаку би умреле, вели со трепетлив глас жената која дошла да ја исчисти куќата.
-Од куќата во Брегана епидемиолозите зеле повеќе примероци од храна и брисеви од просторот во кој живее семејството. Анализата покажа дека речиси се е позитивно на салмонела, велат од Хрватскиот завод за јавно здравство.
Салмонелата е пронајдена во ризи-бизи, во јајцата кои се купени во еден трговски ланец и речиси во сите брисеви земени од површината во куќата.
Меѓутоа во примероците земени од полица во продавницата немало салмонела.
Значи, целата куќа била контаминирана со салмонела, а заразата тргнала од едне производ и се ширела на останатите. Тоа би можело да биде и сирово месо.
Има информации дека семејството јадело некаков десерт од термични необработени јајца, но примероци од тој десерт не се најдени во куќата.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот

