Македонија
9. May 2026 - 17:02

Енормно се зголемија цените на становите

Цените на становите рушат рекорди. Добрите познавачи посочуваат дека има енормно зголемување, ако изминатите години становите се продаваа по 1100 евра за метар квадратен сега истите станови достигнуваат нереален пораст од преку 3 илјади евра.

Ваквата состојба се должи пред се на геополитичките фактори и војните и внатрешните фактори кои влијаат на цените на градежните материјали.

Охрид и Скопје остануваат најатрактивни на пазарот на недвижности но и со највисоки цени.

Според последните податоци највисоката цена за метар квадратен е во центарот на Скопје која достигна 3400 евра.

Но покрај туристичките центри и главниот град покачување на становите има и во останатите градови.