Словенија прогласи крај на епидемијата
Словенечката влада синоќа прогласи крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја што го стори тоа.
Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на вирусот, некои рестриктивни мерки остануваат на сила.
Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај биле потврдени 1.464 случаи. Од коронавирус починале 103 лица.
Епидемијата на коронавирус во Словенија беше прогласена на 12 март.
Владата, исто така, донесе мерки во врска со преминувањето на границата, така што граѓаните на Словенија и на другите земји од ЕУ повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во земјата.
Ново на Сител
-
Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Нов пожар избувна во Лос Анџелес, овојпат во Холивуд Хилс
-
Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори
-
Што се знае за HMPV
-
Трамп објави мапа на САД со Канада како 51. сојузна држава
-
Интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени без доволна поддршка, ставовите за Даути допрва ќе се соопштат
-
Сончево и релативно топло, по котлините магла и ниски облаци