Словенечка амбасада: Нема договор за заеднички превоз на мигранти од Македонија до Австрија
Амбасадата на Република Словенија во врска информациите во некои медиуми за заеднички превоз на мигранти од Македонија до австриската граница односно до Австрија, денеска соопшти дека на состанокот на директорите на полициите на Словенија, Австрија, Хрватска, Србија и Македонија во Скопје до таков договор не дојде.
- Словенечка иницијатива беше дека на целиот балкански пат треба да се спроведат единствени мерки за намалување на протокот и да се обезбедат единствени документи за регистрација/идентификација (кои ќе бидат издадени веќе во првата држава на влез), стои во соопштението од Амбасадата на Словенија во Република Македонија и се додава дека во моментот во тек е координација на практичните можности за спроведување на оваа словенечка идеја.
Ново на Сител
-
Невладините го вклучија алармот: Надлежните мора да го одржуваат зеленилото во градот
-
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет
-
Нови инциденти во Белград и Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле