Славењето Божик во Северна Кореја е опасно по живот
Луѓето во Северна Кореја можат да бидат затворани, измачувани или убиени само поради славење на Божик.
Дедо Мраз постои во фантазијата на децата, но за жителите на Северна Кореја тој не е ни фиктивна личност. Тамошната влада постојано работи на спречување на влез на какви било информации за Божик, поради што многу граѓани на Свеерна Кореја не знаат за тој празник.
Украсени елки може да се видат во Пјонгјанг, но тие се таму цела година и луѓето не се свесни за нивните значења.
Сепак, тоа не значи дека севернокорејската влада беше среќна со кулата во облик на елка, изградена од Јужна Кореја на границата, објави Индипендент.
И додека слевењето на Божик е забрането, роденденот на Ким Јонг Сук, починатата баба на Ким Јонг-ун не е. Нејзиниот роденден (24 декември) се одбележува со марш во севернокорејскиот град Хоерјонг во кој била родена.
- Луѓето таму се собираат и пијат алкохол, вели Канг Јимин. Канг Кимин пораснал во Пјонгјанг и вели дека во Северна Кореја не знае ниту еден христијанин. - Не познавам некој кој верува во Бога. Владата ги контролира сите медиуми и интернетот., а луѓето кои ги запознав не знаат кој е Исус, вели тој. Канг, сега на возраст од 31 година, успела да побегне од Северна Кореја во 2007 година на возраст од 20 години.
Ново на Сител
-
50-годишна скопјанка пријавила дека била следена и вознемирувана на социјална мрежа од нејзиниот сосед
-
Приведен 32-годишен скопјанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Приведен 23-годишник од Велес кој нападнал девојче и полициски службеници, предложен притвор
-
Божиновска на МЕФ 2025: Современ и иновативен енергетски модел е визијата на Македонија
-
Се работи првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид да бидат пуштени до 10 јули, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг
-
Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
-
Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи