Скопскиот дувачки квинтет на фестивал во Варшава
Скопскиот дувачки квинтет викендов ќе настапи на меѓународниот фестивал „Стрефа чиши" (Strefa Ciszy) во Кралскиот Лажењки парк во Варшава во програмата Балкански викенд.
Музичарите ќе имаат три настапи на кои ќе изведат композиции од македонските автори Прокопиев, Бранѓолица, Смокварски, Лековски, како и „Македонска суита" од италијанскиот композитор Д'Агостини.
Скопскиот дувачки квинтет постои четири децении и изведува дела од светската ризница и од македонски автори, некои и специјално напишани за овој камерен ансамбл. Квинтетот имал голем број настапи во земјава и во странство, како и бројни тонски и ТВ записи. Многупати бил и наградуван. Има издадено два компакт-диска.
- Во ансамблот доаѓаа и заминуваа големи мајстори на своите инструменти, секогаш со желба и пораки Скопскиот дувачки квинтет да опстане и продолжи, истакнуваат членовите во актуелниот состав - Марија Јакимовска-флејта, Васил Атанасов-обоа, Ристо Ѓоревски-кларинет, Даниел Апостолов-фагот и Александар Гошев-хорна. Тие се членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.
Нивниот концерт на фестивалот во Полска е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични